Џенифер Лав Хјуит е позната по големиот број краткотрајни љубовни врска, и очигледно и здосадено што медиите се занимаваат со нејзиниот приватен живот. Затоа актерката проба да направи се за да ги избегне папараците дур беше на ручек со новиот маж во нејзиниот живот. Дури, преку глава префрлила и црн шал, но сепак папараците успеале да ја “фатат” заедно со нејзиниот сеуште непознат пријател.
Последното машко име што беше поврзувано со глумицата беше тоа на нејзиниот колега Џерод Еинсон. Со него излезе неколку пати откако прекина со Алекс Бех, а пред тоа таа беше во врска со Џејми Кенеди. Џенифер очигледно води водзбудлив љубовен живот и сеуште не го пронашла вистинскиот дечко со кого би била сериозна.