Празнична шминка во есенски бои ( Фото лекција )

popara7 декември, 20111min00
1

Идејата за оваа шминка е инспирирана од топлите прекрасни есенски бои…

Ако ви се допаѓа нашиот предлог за празнична шминка, погледнете ја нашата фото лекција и научете како да се нашминкате вака сами, а професионално.

Покријте го горниот капак од окото до местото каде што се превиткува со сенки во таканаречената керамида нијанса.

Нанесете бели матови сенки во зоната околу долниот капак и со црн молив направете форма „ластовичка“ во крајот на окото – при што горниот дел треба да биде неколку пати подебел од долниот.

Исцртајте го долниот капак со црн молив, вклучително и внатрешниот дел. Потопете ја четката во црни матови сенки и аплицирајте од средината на окото до крајот на „ластовичката“. Повторете го истото и на горниот капак.

Исцртајте лакообразна форма како на сликава, над горниот капак со темнокафејави сенки.

Во внатрешниот агол од окото нанесете бели сенки и со истите потенцирајте ја и зоната веднаш под веѓите. Преминете со чиста четка на местото каде се спојуваат темнокафејавата и  белата сенка над горниот капак за да се добие бараното преливање на боите.

Исцртајте ги веѓите и нанесете римел на горните и долни трепки во неколку слоеви, со цел да бидат по интензивни, со што се придава драматичност на погледот.

Ако се одлучите за ваква шминка не ви препорачуваме никаков кармин, лесен провиден сјај на усните ќе биде сосема доволен, а косата се препорачува да биде прибрана. Накит нежен, елегантен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma