Доколку имате жешка црвена боја на коса, тогаш сигурно не сте срамежлива жена и сакате косата да биде главниот дел од вашиот стајлинг. Меѓутоа, доколку имате црвена боја на коса треба да внимавате при изборот на шминка.
Кога станува збор за шминкањето, избегнувајте тешки и упадливи нијанси, бидејќи тие не одат во тон со впечатлива боја на коса. Секога изберете нежни нијанси кои ќе ви дадат природен изглед.
Светло црвена нијанса: За секојдневна шминка за усните и образите користете нијанси на праска или кајсија. За сенки за очите користете неутрални розови тонови, но ставете и малку златна сенка. Избегнувајте сиви тонови, бидејќи ќе направат да изгледате уморно.
Средно црвена нијанса: Користете топли кафени тонови и боја на мед и злато. За усните и руменилото изберете праска боја. Не користете матирани темни тонови.
Темно црвена нијанса: Може да изберете сенка во виолетова и зелена боја. Образите и усните треба да бидат со розови нијанси. Доколку сте храбри, изберете црвена нијанса на кармин и маскара во боја, а остатокот од шминката нека биде во праска боја.