Мелезот Пусуке од Јапонија почина на 26 години и девет месеци, тоа беше најстарото куче во светот признаено и од Гинисовата книга на рекорди.
Токио – најстарото куче кое живееше во источна Јапонија починало во понеделникот.
„Премногу сум тажна“, изјавила сопственичката на ова куче, Јумико Сионара. Пуске имал добар апетит, на прошетка одел редовно, наутро и навечер, се до понеделникот, кога нагло го загубил апетитот и имал потешкотии со дишењето, пренела сопственичката за медиумите.
Пусуке беше најстарото куче во светот кое беше признаено и од Гинисовата книга на рекорди.