Кинескињата Ни Линмеј која има 55 години, пред 14 години решила да не си ја шиша косата и да види до каде може да и порасне. Сега за да ја покаже целосно косата, Ни мора да се качи на столче.
Ни Линмеј живее во кинеската провинција Шански, косата и пораснала до 2,5 метри, но тоа пак ја прави вистинска атркација во соседството и пошироко.
Најмногу внимание посветува на чешлањето, а за да го направи тоа косата мора да ја постеле на кревет.
Линмеј верува дека со својата коса ќе се прослави, а тоа пак ќе и обезбеди подобра иднина. Сонува да стане заштитно лице на некоја голема компанија која произведува шампони.