Џастин Теру веќе неколку пати реагирал кај Џенифер Анистон за нејзините пријателства со поранешните момчиња, и кој знае како ќе реагира кога ќе ja слушнe идејата на Бред Пит. Поточно, актерот ги поканил Џенифер и нејзиниот нов дечко Џастин да дојдат во Лос Фелиз, каде што со сите заедно ќе го прослават Божиќ.
Бред и претходно изразил желба да се запознае со новото момче на неговата поранешна сопруга, особено откако видел дека врската е сериозна. “Бред сака Џенифер Анистон да се појави на собирот на Божиќ. Тие најверојатно ќе се сретнат и на Оскарите, па сака да бидат во добри односи”, открил близок извор за американските медиуми. Иако звучи како добра идеја, не се знае како ќе реагира љубоморниот Џастин.