Најчести грешки кои многумина од нас ги прават пред спиење, и кои не влијаат само на квалитетот и должината на ноќниот одмор , туку влијаат на целокупното здравје, а секако и на убавината. Како да ги избегнеме и да имаме еден добар бјути слип. Добриот сон не влијае само на расположението туку и на изгледот. Само 25 % од Европјаните спијат по 8 часа дневно.
Следи листа на навики кои влијаат на квалитетот на сонот и совети како да ги избегнете истите.
- Гледање телевизија –иако не ви се чини дека е лоша навика , гледањето телевизија пред спиење негативно влијае на сонот , а лажното светло од екранот го мами нашиот мозок дека се уште не е време за спиење.Лекарите како единствена добра работа пред спиење препорачуваат секс – тој позитивно влијае на нашата психа и гарантира добар сон.
- Постојано гледање на часовникот- проверување уште колку време ви е останато до будење само ја зголемува вашата тегоба. Држете го часовникот подалеку од креветот за да не ве доведе во ситуација постојано да го проверувате.
- Долги телефонски разговори- иако вообичаено имате навика да се слушнете со некој од семејството или пријателите , тоа сепак може штетно да делува на вашиот сон. Истражувањата покажале дека на оние кои имаат долги телефонски разговори пред спиење им треба повеќе време да потонат во сон.
- Спиење во топла просторија- ако ви е спалната соба премногу загреана нема да бидете одморени наредниот ден. Температурата во спалната би требала да биде помеѓу 15 и 18 степени , а се препорачува 20 минути пред спиење да ја проветрите просторијата.
- Оставање запалени светла – се она што произведува светлост па дури и трепкање од некој апарат може да предизвика пореметување на мелатонинот , хормон што го лачи нашето тело додека спиеме и кој го подобрува квалитетот на сонот.Лачењето на овој хормон на мозокот му помага да ја одреди промената на ноќ и ден и да го регулира циклусот на будност и спиење. Доказ за ова ви е податокот декапред да биде откриена сијалицата луѓето спиеле во просек по 10 часа дневно.
- Конзумирање на кофеин- за кафето ни е познато , ама треба да сме свесни и за чајот и кока-колата како напитоци кои го реметат сонот.
- Пиење алкохол- алкохолот го намалува квалитетот на спиењето и иако можеби полесно ќе заспиете, ќе се будите по неколку пати во текот на ноќта.
- Носење тесни пижами – не верувам дека е некој будала да спие во неудобна облека ама сепак да кажеме дека го пореметува лачењето на мелатонин и ја зголемува телесната температура.
- Спиење на стомак или настрана – ноќниот сон е најдобар кога спиете на грб, и тоа помеѓу седум и девет часа.
- Спиење со шминка –чистењето на лицето е ЗАДОЛЖИТЕЛНО пред да си легнете. Така се спречува зачепување на порите. Ако ве мрзи, ставете во близина на креветот влажни марамици за вадење нашминка и така ќе го решите овој проблем.
И најважно од се што прочитавте а ви е многу познато –пред спиење никако не се бавете со спорт и не легнувајте со полн стомак. Доколку се придржувате на овие совети не само што ќе спиете како бебе туку и ќе го зачувате здравјето и убавината.