Windows 8 ќе биде пропаст, тврди истражувачката компанија IDC

popara8 декември, 20111min00
0420007.42

Windows 8 ќе биде пропаст, барем според предвидувањата на IDC, компанија за истражување на пазарот, која тврди дека корисниците на „седмицата” едноставно нема да се одлучат за купување на новата верзија на оперативниот систем на Microsoft.

Новиот Windows е значаен поради тоа што ќе биде првиот обид на Microsoft да понуди ист оперативен состав и за персоналните компјутери и за мобилните уреди, но корисниците на компјутерите најверојатно нема да бидат премногу возбудени за појавата на „осмицата”, пишува во извештајот на IDC.

Според CNET, изгледот на работната површина на „седмицата”, кој кај многу предизвика негодување, ќе остане иста како и во сегашната верзија.

Другата причина, поради која Windows 8 би можел да потфрли, лежи во фактот дека многу компании неодамна се префрлија на Windows 7, па едноставно би можеле да ја прескокнат новата верзија. Обичај е многу компании да ги надоградуваат своите оперативни системи секој втор пат, а и самиот Microsoft препорача скок од XP на „седмица”, наместо да се чека на новата верзија.

Иако IDC го „закопа” Windows 8, тие за Windows Server 8 предвидоа многу поубава иднина. Поради новите подобрувања на составот Hyper-V, сметаат дека овој сервер би бил добро решение за многу компании.

Корисниците на Microsoft на големо ќе го прифатат Windows Server 8, се наведува во соопштението на IDC.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag