Објавена е листата на најпродавани албуми за годинава, а Адел се најде на врвот.
Вкупната продажба на двата албум на Адел,“21“ и “19“, изнесува околу 4,5 милиони примероци во Велика Британија, со што пејачката има многу поголема продажба од “хит-мејкерите“ како што се Бруно Марс, Ријана и Лејди Гага, завршувајќи на прво место на листата на најдобро продавани албуми во Велика Британија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=qemWRToNYJY
Целата листа изгледа вака:
1. Adele – ’21’ (3,4 милиони)
2. Adele – ’19’ (1,1 милион)
3. Bruno Mars – ‘Doo Wops & Hooligans’ (976.000)
4. Rihanna – ‘Loud’ (812.000)
5. Lady Gaga – ‘Born This Way’ (689.000)
6. Jessie J – ‘Who You Are’ (660.000)
7. Michael Buble – ‘Christmas’ (496.000)
8. Cee Lo Green – ‘The Lady Killer’ (485.000)
9. Ed Sheeran – ‘+’ (477.000)
10. Coldplay – ‘Mylo Xyloto’ (467.000)