Изгледа им се смачи од парови кои одат во паркот за да „се милуваат“, па управата на француското гратче Рубо реши да заработи со едноставна идеја – поставување на монтажни хотелски соби во форма на меурчиња.
Всушност, овие соби – меури може да ги изнајми секој кој сака да биде поблиску до природата, велат гратските власти. Концептот го дизајнирал Пјер Стефан Дума, француски дизајнер кој создава уникатни и интересни дизајни. Тој го базирал концептот на минимум енергија, минимум материјал и максимум удобност.
Кровот на овие соби –меури е проѕирен за да може да уживате во ѕвезденото небо, но доколку сакате повеќе приватност постои опција да го затворите. Сепак, ова доживување не е за сите, бидејќи едно ноќевање ќе ве чини 700 долари.