Декември е и скијачката сезона веќе е отворена, ама од снегот нема ни трага ни глас. Со истите проблеми се соочуваат и скијачите од Австрија, поточно од регионот Тирол.
Ама скијачите си се скијачи, макар и да нема снег. Тие решија да не дозволат сезоната да пропадне, па решија, кога нема снег, да си скијаат на камења.
Единствен проблем е фактот дека нивната опрема се оштетува многу, но овие храбри момци се спремни да ризикуваат. Ме интересира само како им е кога ќе паднат…