Ќе полета ли Маверик повторно, се прашуваат бројните фанови на Том Круз , но и на култниот филм од 1986г „Топ Ган“. Наводно глумецот во медиумите открил дека продукцијата работи на второто продолжение на филмот.
„ Работиме на тоа, и се надевам дека повторно ќе знаеме да го изведеме на најдобар можен начин“ , го искоментирал тоа Том Круз. Иако пред само неколку месеци ја одбил улогата за продолжението на овој филм , и сега не открил дали ќе глуми во филмот или не, ама со восхитеност кажа нешто за проектот.
Изјавил и дека во моментов е во договори со режисерот Тони Скот и дека заедно работат на сценариото за филмот. Да потсетиме , филмот е приказна за млади пилоти на Ф-14 авиони , во кој има и љубовна приказна помеѓу младиот пилот Маверик ( Том Круз ) и прекрасната и паметна русокоса Чарли ( Кели МекГилис).
Се надевам дека Кели Мекгилис не е планирана за второто продолжение зошто изгледа доста повозрасно од Том.