Калифорниски диспанзер организира необична трампа: 6 конзерви храна за еден џоинт.
Еден диспанзер во Калифорнија кој ја користи марихуаната во медициснки цели, веќе втора година по ред организира еден вид необична хуманитарна размена. За еден бесплатен џоинт луѓето ќе треба да однесат 6 конзерви храна.
Ненси Блек, менаџерот на продажба изјавила дека пациентите може да добијат неограничен број на џоинти, само доколку донесат доволно храна.