Совети за чистење на организмот

popara10 декември, 20111min00
zdravje

Чистењето на организмот може да спречи многу здравствени проблеми како хроничен умор, болки, главоболки, вишок килограми и целулит. Измените го вашиот начин на исхрана и ќе направи да се чувствувате подобро и да изгледате подобро.

Здраво да се храните

Здравата исхрана е најдобар начин да го одржавате механизмот на детоксикација. Во исхраната користете риба, мешункасти плодови, овошје, зелнчук, интегрални житарици (овесни снегулки, јачмен и интегрален ориз), маслиново и ленено уље, семки од лен и коноп.

Денот започнете го со варени овесни снегулки и малку цимет додате и малку овошје, или излблендирајте две јаболка, малку лимон, морков, пола зелена пиперка, пола краставица, пола целер, цвет од брокула и едно цвекло. Целерот, лимонот и цвеклото ги прочистуваат бубрезите и црниот дроб, морковот ги неутрализира слободните радикали, а јаболкото е полно со витамини и антиоксиданти. За ручек спремајте ракчиња со лук, бибер, магдонос и зелена салата. За вечера испечете фиелти лосос или некоја друга риба. За ужинка јадете овошје или ореви, лешници, бадеми…

Внесувајте доста течности

Вода и влакната од храната ќе овозможат нормална функција на цревата и така ќе се ослободат многу токсини од организмот.  Дневно треба да се испие литар ипол вода и свежи цедени сокови кои ги елиминираат токсините од органзимот по пат на крвоток и ситемот за излачување.

Намалете шеќер, алкохол и кофеин

Намалете ја употребата на шеќер, алкохол и кофеин. Претерано уживање во слатки го преоптоварува организмот во секој поглед. Иако ќе ви недостига првите денови, со време ќе имате се помала потреба и подобар сон.

Максимално смалете ја количината на сол

Бидејќи ги задржуваат течностите во организмот предизвикува надуеност во стомакот. Исто лошо влијаее и на циркулацијата и го извлекува калциумот од коските. Наместо јодирана сол за готвење користете морска сол со алги и други зачини.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma