Дека чевлите се опсесија на жените во целиот свет, не е тајна, но една дама,сите ги надминала. Пејачката Шерил Кол има дури 2000 пара чевли.
Шерил Кол(28) е прилично ниска, и за очекување е да има неколку пара чевли со високи потпетици. Сепак, никој не можел да претпостави колкав е тој број.
Поп дивата признала дека има неверојатни 2000 пара чевли кои ја преплавиле нејзината куќа. Таа ги има во бањата, во секоја соба, кујна, па дури и во фрижидерот.
Пејачката одлучила овој фетиш да го претвори во нешто корисно, па затоа таа почнала да дизајнира своја линија на чевли за модниот бренд “Stylistpick”, пишува “Блиц”.