Холивудската филмска ѕвезда Том Круз ја посети Москва, а по овој повод во главниот град на Русија, пристигнал со автомобил на иднината – “Модел на БМВ, кој се појавува во најновото продолжение на “Невозможна мисија”. Автомобилот бил донесен специјално од Лос Анџелес за премиерата на филмот.
Круз ја прошетал Москва, но исто така го посетил и реновираниот Бољшој театар во кој ја гледал балетска претстава “Оревокршачка”.
Круз бил воодушевен од руските балерини и ги поздравил со овации и аплауз, а потоа изјавил во едно интервју дека својата ќерка Сури ќе ја запише на балетско училиште.
http://www.youtube.com/watch?v=mOPQM5Orxyg
http://www.youtube.com/watch?v=V0LQnQSrC-g&feature=player_embedded