Тој заработува 55.000 долари годишно продавајќи слатки во метро! А ние што немаме метро, што да правиме???

popara10 декември, 20111min00
treks

Алекс Мекфарленд (24), подобро познат како “Трекс”, живее од продажба на слатки на улица. Неговото работно место се станиците на подземната железница и метрото,  а неговиот шарм веќе ги освои њујоркчани кои со задоволство купуваат слатки од него.

“Извинете дами и господа, Ве молам за малку внимание. Извинете што Ви пречам, можеби веќе го знаете моето име е Трекс и продавам слатки”- се зборовите со кои Алекс ја започнува својата работа.

Трекс започнал да продава слатки од свои 11 години, бидејќи сакал сам да заработува. Денес, кога позади себе има 13 години искуство со право може да каже дека е најдобриот продавач на слатки и дека е добро обучен за работата.

Познатите М&М бомбончиња, слатки со овошје, гумени бомбони и колачи се наоѓаат во понудата на Трекс.

-Имам дури и диетални чоколади, за оние кои се грижат за здравјето, вели Трекс.

Тој годишно заработува до 55.000 долари и како што вели тоа е работата со која го храни целото семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma