Блескавиот тен не е нешто што се постигнува преку ноќ. Постојат среќнички чиј изглед предизвикува воздишки без многу труд, но ние останатите обични смртнички мора да се придржуваме на beauty рутината од која не смееме да отстапуваме ако сакаме резултати од кои ќе бидеме задоволни. Следат правила што не смеат никако да се прекршат.
Додека спиете, кожата се регенерира па е многу важно за тоа време да биде темелно исчистена и нахранета. Миењето на лице мора да биде рутина, а клучно е да внимателно одберете гел или лосион кој на вашата кожа ќе и пружи идеална нега. Многу производи на пазараот содржат груби активни состојки кои од кожата ги симнуваат и потребните маснотии, односно ја извлекуваат потребната влажност, како натријата и амонијскиот лаурил сулфат. Погрижете се вашите производи да не ги содржат овие работи.
После миењето на лицето секогаш треба да користите тоник кој не содржи алкохол. Тој на кожата и дава влажност, ја балансира нејзината pH вредност и овозможува да ја одржи својата природна заштита.
После тоникот, а пред да ја нахраните кожата на лицето со хидратантна крема, на лицето нанесете серум богат со активни состојки кој продира длаболко во кожата. Таквите произоводи богати со витамини ја штитат кожата со големи дози на антиоксиданси кои го штитат вашето лице од појава на бори и други промени, како промената на бојата на кожата.
Секој ден , без разлика дали е лето или зима, на лицето нанесете крема која содржи заштитен фактор. Дури и повременото изложување на сонце без празвилна заштита може да доведе до оштетување на кожата.