Преобилна и мaсна исхрана, дим од цигари, алкохол и недостаток на физичка активност можат да бидат причинители за срцеви заболувања. Стручњаците советуваат вашата исхрана да биде богата со овошје и млечни производи.
Две јаболки на ден
Со редновното конзумирање на свежи јаболки му правите услуга на вашето срце. Доколку јадете две јаболки на ден, го намалувате ризикот од инфаркт. Истржувањата покажуваат дека јаболките го смалуваат ризикот од малигни заболувања. Исто така е утврдено дека јаболките го намалуваат лошиот холестерол за 39%.
Сојата е корисна за срцето
Истражувањата покажаа дека сојата содржи 10 пати повеќе антиоксиданси од виното (познато е дека виното во мали количини е здраво за срцето). Доколку почесто јадете соја, вашето срце ќе биде поздраво. Посебно се препорачува доколку вашето срце е оштетено поради дијабетис, вишок на килограми или пушење.
Брусницата го намалува ризикот од срцеви заболувања
Научниците утврдија дека три чаши сок од брусница дневно го подигнуваат нивото на добриот холестерол во крвта. На тој начин се намалува ризикот од заболувања на срцето и крвните садови. Добриот холестерол содржи 50% протеини и само 20% холесторол. Покрај ова брусницата go спречува и лошто дејство на слободните радикали, па дејствува антиканцерогено. Докажано е дека брусницата не го спречува само растот на келиите на ракот, туку и нивното метастазирање.
Портокалот го намалува здебелувањето на крвните садови
Стручњаците утврдија дека сокот од портокал го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта и до 30% го намалува збеделувањето на крвните садови. Сокот од портокал делува на создавањето на азотни оксиди, материја која има заштитна функција и делува против создавањето наслаги на крвните садови.
Млекото и јогуртот го намалуваат високиот крвен притисок.
Високиот крвен притисок ги оштетува артериите и може да предизвика инфаркт. Редовното конзумирање на млечни производи (јогурт,млеко,сирење) доведува до намалување на високиот крвен притисок. Исто така, млечните производи го зајакнуваат имунитетот и влијаат на здравјето на целиот организам.