Петра – Розевата античка убавина

popara11 декември, 20112min00
3

Петра е историски и археолошки локалитет кој се наоѓа во денешен Јордан. Ова место е познато по карактеристичната архитектура делкана во карпи, и извонредниот систем за спроведување на вода. Локалитетот бил непознат за западниот свет до 1812 година, кога еден швајцарски истражувач го опишал како „розево – црвен град речиси стар колку времето“.Историјата на овој град е многу малку позната, а може да се утврди од фрагменти од Библијата и грчки и римски извори. Најстарите ископини се од 6 век пне.Неговата извонредна стратешка локација овозможувала Петра да биде крстопат на некогашните трговски патишта: одтаму поминувале караваните со скапоцена стока како зачини и свила од Индија, слонова коска од Африка, бисери од Црвеното Море и темјан од Арабија.

Ова место е познато по карактеристичната архитектура делкана во карпи, и извонредниот систем за спроведување на вода.

Локалитетот бил непознат за западниот свет до 1812 година, кога еден швајцарски истражувач го опишал како „розево – црвен град речиси стар колку времето“. Особено е позната по филмот „Јавачите на изгубената Арка“ со Индијана Џонс, што е сниман токму овде. Историјата на овој град е многу малку позната, а може да се утврди од фрагменти од Библијата и грчки и римски извори. Најстарите ископини се од 6 век пне. Денеска Петра се наоѓа на листата на УНЕСКО како заштитен историски локалитет.

Неговата извонредна стратешка локација овозможувала Петра да биде крстопат на некогашните трговски патишта: од таму поминувале караваните со скапоцена стока како зачини и свила од Индија, слонова коска од Африка, бисери од Црвеното Море и темјан од Арабија. Петра е вброена во интересна листа на „40 места кои мора да ги видите со свои очи“ – a има и зошто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag