Селма Хајек открила какви улоги добивала на почетокот на кариерата!?

popara11 декември, 20111min00
salma_hayek_wallpapers_005

Актерката е горда на своите корени, но признава дека на 22 години кога дошла во Америка, добивала само мали улоги на слугинка или проститутка.

“Тоа беше многу болен период на почетокот на мојата кариера. Многу пријатели ме советуваа да се вратам во Мексико, да се омажам и да основам семејство. Всушност, ме жалеа, се присетува актерката на своите почетоци.

Таа е убедена дека добрите улоги не ги добивала бидејќи режисерите барале атрактивни русокоси актерки без акцент.

Сепак, 1995 година дошло и нејзиното време во улогата во Десперадос заедно со Антонио Бандерас. Тогаш веќе и се отвориле вратите на Холивуд.

“Осумнаесет години напорно работев како актерка за да бидам почитувана од другите. Патот беше тежок, но успешен, бидејќи научив многу за продукцијата и режисерската работа “,изјавила Селма.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma