Диета на база на супа од зеленчук

popara12 декември, 20111min00
supa

Диетата на база на супа од зеленчук е наменета за оние кои сакаат да ослабнат 7-8 килограми и се заснова на намалено внесување на масти и јаглени хидрати.

Супата првиот ден е предвидена за ручек и за вечера, а последниот ден ја нема на менито. Другите денови мора да јадете супа од било кој зеленчук барем еднаш дневно, бидејќи го потикнува потрошувањето на маснотиите.

Прв ден:

Појадок: чај или кафе, 2 јаболка или круши
Ужина: овошен сок без шеќер
Ручек: супа од зеленчук, 2 јаболка
Ужина: овошен сок без шеќер
Вечера: супа од зеленчук, 2 круши

Втор ден:

Појадок: кафе
Ужина: чај
Ручек: супа од зеленчук, варен карфиол или салата од марула
Ужина: чај или кафе
Вечера: супа од зеленчук, 200 г варени компири со 10 g путер

Трет ден:

Појадок: чај или кафе, 2 круши или 2 парчиња ананас
Ужина: овошен сок без шеќер
Ручек: супа од зеленчук, сурови или варени моркови
Ужина: овошен сок без шеќер
Вечера: супа од зеленчук, печени пиперки, модар патлиџан или тиквички

Четврти ден:

Појадок: капучино подготвено со 200 мл млеко со ниска масленост и 1 банана
Ужина: чај или кафе
Ручек: 200 мл. јогурт со малку масленост, 1 банана
Ужина: чај
Вечера: супа од зеленчук, 50 гр. козјо сирење

Петти ден:
Појадок: кафе
Ужина: чај
Ручек: 300 гр. печена риба и салата од домати
Ужина: чај
Вечера: супа од зеленчук, 200 гр. пржена риба

Шести ден:

Појадок: кафе
Ужина: чај
Ручек: 200 гр. телешки стек на скара, печени тиквички и зелена салата
Ужина: чај
Вечера: супа од зеленчук, 300-400 гр. печено пилешко месо без кожа

Седми ден:

Појадок: кафе
Ужина: Овошен сок без шеќер
Ручек: 150 гр интегриран ориз со зеленчук по ваш избор, кромид и морков подготвени на пареа
Ужина: Овошен сок без шеќер
Вечера: супа од зеленчук, варени тиквички и салата од краставици

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag