Крис Такер под истрага на даночниците! Дали ќе му се придружи на Весли Снајпс во затворот?

popara12 декември, 20111min00
92050-chris-tucker

Американскиот актер најдобро позната по неговата улога во “Rush Hour”, Крис Такер можно е да има проблеми со “вујко Сем”. Комичарот се најде под истрага од страна на даночните служби во САД, односно се исконстатира дека должи повеќе од 11 милиони долари на земјата.

39-годишниот актер го продал единствениот имот што му останал во Флорида за околу два милиони долари, со подмирил една рата од долгот. Но, Крис наводно го купил имотот за околу шест милиони долари, што значи дека е во значителна загуба.

На почетокот од оваа година, Такер продал друг имот во Флорида за нешто повеќе од еден милион долари, иако тој побарал еден милион и половина. Најдобро за актерот е да направи пари некако и тоа побрзо, бидејќи американските даночни власти не простуваат. Сепак, тој не би бил ниту прв, ниту последен познат лик на кој му бил одземен имотот и фрлен во затвор за не-отплаќање на долгот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma