Крис Џенер го повика Даниел Крег јавно да се извини!? Е ај да видиме:)

popara12 декември, 20111min00
111209097

Крис Џенер изјави дека Даниел Крег не е “вистинскиот човек” по тоа што тој не се извинил јавно на нејзиното семејство.

“На телевизија, тие се однесуваат како е**** идиоти, а за возврат се добро платени за своето понижување”, изјави актерот.

За време на интервјуто со магазинот GQ, Крег го изразил своето мислење за целата драма откако протече низ медиумите дека Ким и нејзиниот сопруг Крис Хамфрис се разведуваат по само 72 дена брак.

“Па видете, го гледате сето тоа и едноставно ќе си помислите, значи ќе правам е**** будала од себе и ќе ми плаќаат милиони за тоа. Јас не го осудувам тоа. Всушност, очигледно, само што го осудив”, изјави Крег.

Џенер неодамна изјави дека Крег со овие зборови ја преминал границата.

“Тоа што го изјави со сигурност не го прави најдобриот човек во светот. Вистинското нешто што може да го направи во моментов е јавно да се извини за она што тој изјави за моето семејство. Најлесен начин ќе биде сега ние да ја критикуваме неговата кариера, но моето семејство не се спушта на тоа ниво “, изјави Крис, мајката на Ким Кардашијан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag