Необична професија, човекот кој ги чува ленонките на скулптурата на Џон Ленон! :)

popara12 декември, 20111min00
111

Споменикот на легендарниот член на групата Битлси во елитниот дел на Хавана ја откри лично Фидел Кастро, а споменикот го направил Хозе Вила Соберон во 2000 година.

Но, само по неколку месеци од кога е поставена се испоставило дека има некаков недостаток, односно дека на Џон Ленон му  недостасуваат познатите очила.

Затоа скулптурата ги добила подоцна, но познатите ленонки брзо станале омилен сувенир за туристите и почнале да ги вадат од скулптурата и да си ги земаат.

Затоа денеска постои човек кој се грижи токму за овој недостаток, односно тој е „чувар на ленонките“, веднаш кога ќе види дека некој се приближува до скулптурата тој на главата на вајаниот Ленон ги става познатите очила.

httpv://www.youtube.com/watch?v=aOOKItPmiiM

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma