„Речиси никој не ме препознава, феноменално“, напишал познатиот шпански фудбалер Андрес Иниеста на својот фејсбук профил и прикачил фотографија од посетата во Јапонија.
Барселона во четврток во Јапонија игра против Ал Садд во полуфиналето на Светското клубско првенство. Отакако момците на Барса го победија Реал Мадрид викендов, веднаш заминаа за Токио, а Гвардиола веднаш по слетувањето во Јапонија им дал слободно попладне.
Андрес Иниеста решил да се прошета низ Токио и да се вози со метро. Бил задоволен бидејќи никој не го препознавал.
Тој бил воодушевен, бидејќи барем на еден ден можел да се почувствувам како „обичен смртник“, а тоа го објавил и на своите фејсбук и твитер профили.
Луксузната анонимност фудбалерите на Барса донекаде може да ја имаат само во Азија, но кога ќе се вратат во Европа се ќе биде по старо.