Здрава храна за здрава кожа

popara14 декември, 20111min00
koza

За да ​​имате здрава кожа треба да обрнете посебно внимание на вашата исхрана, бидејќи она што го јадете во голема мера влијае на вашиот тен. Ако вашата кожа е безживотна и сивкаста, можеби вината лежи во вашата исхрана. Ви ги откриваме најважните намирници кои ќе придонесат да имате здрава и беспрекорна кожа.

Риба: рибата содржи есенцијални масни киселини кои играат важна улога во одржувањето на здравјето на кожата. Есенцијални масни киселини се важни за производство на природна и здрава маслена бариера на кожата. Лососот содржи каротен која на вашата кожа ќе и даде прекрасен розев сјај, а помага и за одржување на еластичноста.

Портокалово овошје:  Цитрусно овошје, како морков, кајсии, манго, сладок компир, мандарини, портокали, содржат мешавина од каротен и антиоксиданси кои помагаат во заштитата на кожата од негативните ефекти на УВ зрачењето и помагаат во борбата против слободните радикали кои се јавуваат поради изложување на сонце и загадување,  што може да се забрза процесот на стареење.

Зелен зеленчук – зелениот лиснат зеленчук, вклучувајќи го кељот, спанаќот и раштанот се најдобар извор на антиоксиданси и минерали, како на пример лутеинот. Лутеинот може да помогне во заштитата на кожата од штетните УВ зраци, а има и позитивен ефект при одржување на нивото на хидратација, еластичноста на површината на кожата и производство на корисни маснотии.

Млеко: Млекото е добар извор на биотин, протеини и други хранливи состојки важни за кожата, како што е витаминот А. Биотин игра важна улога во одржувањето на здрава кожа, а протеините го помагаат формирањето на нови здрави клетко. Ниското ниво на витамин А може да придонесе за сува, испукана и неживотна кожа.

Вода – Иако водата технички не е храна, доволно количество на вода е од суштинско значење за здрава кожа и тело. Водата е веројатно најважната хранлива состојка за сите телесни функции и помага во сите аспекти на здравјето на кожата, вклучувајќи ги влажноста, еластичноста и тенот. Пијте 6-8 чаши вода на ден, а во исхрана како течност вклучете само  зелен чај, негазирани сокови и сокови од зеленчук.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma