Ја криеле дрогата во устата на девет годишниот син! :(

popara14 декември, 20111min00
h

Руската полиција уапсила брачен пар кој се обидел да ја сокрие кесата со хероин во устата на нејзиниот девет годишен син.

Руските медиуми јавиле дека властите од градот Краснојарск во Сибир соопштила дека полициската патрола забележала паркиран автомобил во кој имало маж, жена и дете.

Откако се приближиле полицајците, мажот станал нервозен, а жената на детето кое седело одпозади му ставила во устата сива ќеса. Полицијата навела дека потоа жената ја отворила вратата и фрлила уште една ќеса на патот. Подоцна било утврдено дека во ќесите имало вкупно шест грама хероин.

Брачниот пар се соочува со обвинение за нелегално набавување и поседување на наркотици. Ако бидат осудени се соочуваат со три години затвор.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag