Американските фудбалерки се приклучиле во борбата за правата на животните, така што се сликале голи за новата кампања на организацијата ПЕТА.
Фудбалерките снимиле видео, во кое одна од нив предупредува: “Кога носите крзнено палто, никој од вас не се запрашува, што точно се случило со животното чие крзно го носите.”
Активистата на ПЕТА, Емили Лавандер изјавила: “Носењето на крзно е личен фаул. И покрај големиот број на многу стилски, трајни и издржливи материјали кои ги имаме на располагање денес, не постои оправдување за носење на нечија кожа..”