Два нови Bentley Continental V8 модели ќе бидат откриен во Северна Америка на Меѓународниот Саем на Автомобили во Детроит на 9 јануари 2012 година.
Новиот 4.0 литарски, твин турбо V8 Continental GT купе и GTC кабриолетот ќе постигнат исклучителни стандарди за моќност/емисии во секторот на високо луксузни спортски автомобили.
Овој извонреден, нови Bentley V8 мотор обезбедува максимална моќност од 500 коњски сили, односно 373Kw во 6000 вртежи/мин и максимален вртежен момент од 660Nm, кој е достапен во речиси целиот вртежен опсег од 1700-5000 вртежи/мин , обезбедувајќи перформанси и моќност според традицијата на Bentley. Во комбинација со нов8-брзински автоматски менувач со близок сооднос, достигнува брзина од 0-100км / ч во време испод 5 секунди и максимална брзина од над 290км/ч.