Пријателство после разделба?

popara14 декември, 20111min00
0000

Дали навистина пријателство  после љубов е навистина возможно или е едноставно само еден начин да се замаскира болката?

Вистината е дека пријателството после една љубовна врска само ја продолжува агонијата на едниот од бившите партнери, поточно на оставениот. Особено ако се уште сте вљубени, а недај боже и љубоморни, како ќе поднесете да го гледате саканиот во нова врска со убави, млади, забавни жени?

Друг проблем е што има голем ризик, а можеби и среќа(зависи од гледната точка), да станете пријатели само за секс. Ова најчесто има лош завршеток, ги засилува чувствата и надежите на оставениот партнер, болната разделба се одолговлекува во времето, бившиот не е ни свесен дека си поигрува со вашите чувства, верувајќи на кажаното дека сега сте само пријатели…И почнувајќи да се убедувате, дека штом нема шанса старата љубов да воскресне како феникс, тогаш барем ќе се трансформира во друга форма на постоење. Да, ама не. Нели се досетувате дека ќе бидете чрешата на тортата дотогаш, додека на дневениот ред на бившиот не се појави нешто посериозно од секс за една ноќ. Се додека сами себе се залажувате и живеете во надеж, ги затварате вратите на вашата среќа и нова љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag