Една британка на многу креативен начин изразила каков подарок сака за божиќните празници, а тоа е развод.
Возачите кои поминувале на патот М4 меѓу Лондон и јужен Велс биле изненадени од големиот натпис кој не е реклама, туку една необична желба на незадоволна жена.
„Дин, еве што сака Џуд за Божиќ- развод“, пишувало на големата порака напишана на платно и поставена покрај патот.
„Очигледно е дека Дин направил нешто многу лошо. Не би сакал да се најдам во неговата кожа и жената вака да ми го соопшти крајот на бракот“, изјавил еден од возачите кој поминувал покрај патот.