Чудо од прасе родено во кинеска фарма.
Пекинг – на една фарма во кинеската провинција Фуџијан родено е прасе со три очи, две њушки и две муцки. Сопственикот на фармата Сајо Џинту изјавил дека тоа е едно од дванаесетте прасиња кои неодамна биле родени.
„Ова прасе се роди петто по ред, бев шокиран кога го видов како изгледа“, изјавил фармерот.
Прасето има две симетрични њушки, две усни и едно дополнително око на средина на главата. Отакако се дознало дека на фармата е родено чудото од прасе кое личи како да е од друга планета, соседите и други луѓе постојано доаѓаат да го видат ова необично животно.
Фармерот изјавил дека ќе го задржи прасето како домашно милениче.