Руски бизнисмен тврди дека е татко на ќерката на Клаудија Шифер!?

popara15 декември, 20111min00
Claudia Schiffer_14

Клаудија Шифер се нашла во прилично непријатна ситуација. Поточно, рускиот бизнисмен Александар Гаврилов изјавил дека со Клаудија поминал четири страсни ноќи во Москва. Тој додал дека моделот го запознал преку интернет. Дека бизнисменот мисли сериозно потврдува и фактот што веќе во судот поднел документи за утврдување на татковство.

Тој тврди дека малата Косима Вајолет, родена во мај 2010 година е всушност негова ќерка. “Би сакал да учествувам во одгледување на девојчето”, изјавил Александар. Бидејќи моделот веќе со години е во брак со режисерот Метју Вон, не е чудно што портпаролот веднаш го негирал ова тврдење на рускиот бизнисмен, велејќи дека гласините се целосно неточни. Слична ситуација му се случила и на нејзиниот сопруг. Медиумите со месеци тврделе дека тој е татко на детето на Џенуари Џонс, со која имал бизнис соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma