Пет пијалоци за подобро расположение

popara15 декември, 20111min00
Woman Drinking Hot Chocolate --- Image by © Tim Pannell/Corbis

Доколку сакате да го подобрите вашето расположение, едноставно одберете го вистинскиот пијалак. Ви претставуваме листа на пет напитоци кои ќе ви помогнат да го подигнете вашето расположение:

Топло чоколадо; Овој атрактивен пијалок освен што подигнува расположението, содржи  и антиоксиданси и го намалува шеќерот во крвта. Калориската вредност на топлото чоколадо варира во зависност од подготовката. Ви препорачуваме да подготвите вистинско какао со малку млеко, кое, ако тие додадете шеќер, содржи околу 195 калории.

Зелен чај: Овој пијалок е многу богат со антиоксиданси и значително го намалува ризикот од многу болести како рак, остеопороза и кардиоваскуларни болести. Зелениот чај е одличен придружник на здравата исхрана и помага во подобрување на расположението. И што е најдобро, зелениот чај скоро и да нема калории.

Сок од портокал. Свежо исцеден, сокот од портокал содржи многу витамин Ц и други антиоксиданси кои го подобруваат имунолошкиот систем и ја спречуваат појавата на многу заболувања. Чаша сок од цеден портокал содржи околу115 калории.

Чај од нане: Се чувствувате раздразливо? Напијте се една чаша чај од нане. Освен што ги смирува и опушта мускулите, чајот од нане е одличен лек за регулирање на  дигестивните нарушувања. Се препорачува да се пие незасладена и не содржи калории.

Сок од домати: Сокот од домати е богат со антиоксиданси, особено со ликопен, кој го штити нашето тело од многу видови на рак. Покрај тоа, сокот од домати го штити срцето и белите дробови од различни пореметувања и болести. Чаша сок од домати содржи само 31 калорија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag