Пипа Мидлтон привлекува внимание каде и да се појави, а во Лондон е секогаш добредојдена. На пат кон работа Пипа редовно ја следат папараци, но овој пат таа го привлекла вниманието на работниците кои работеле на градилиштето кое се наоѓало близу до патот.
Убавата сестра на Војвотката од Кембриџ, со еден од работниците дури и разменила по некој збор, и кога таа го одминала, работникот ја искористил можноста да го погледне најпознатото газе во Британија и пошироко. Се чини дека Пипа не им се налутила на работниците, таа само си се насмеала и си продолжила по својот пат.