Овој неверојатен комплекс се наоѓа во Санта Лучија, а тоа што го прави толку специален се неверојатните дизајнерски решенија, односно секоја соба од овој комплекс поседува сопствен базен. Овие базени се снабдени со специална оптика изработена од плексиглас што фантастично ја рефлектира светлината при што создава маѓична атмосфера. За да биде раскошот поголем, секоја од собите освен сопствен базен има неверојатен поглед кон Карипското море и величенствените планини.