Во студените зимски денови, од сите страни демнат опасности за вашето здравје. Ако вашиот имунитет е ослабен, големи се шансите за настинки и грип. За да се заштитите, изберете соодветна храна која ќе го зајакне вашиот имунолошки систем.
Јогурт: Јогуртот е богат со добри бактерии кои се борат против лошите бактерии кои предизвикуваат болести. Секој ден пијте една чаша јогурт за да му помогнете на вашето тело ефикасно да се справат со сите болести.
Чај: Не е важно дали ќе се одлучите за зелен или црн чај, бидејќи и двата вида се богати со полифеноли и флавоноиди. Овие антиоксиданси се познати како искусни ловци кои ги пронаоѓаат и уништуваат штетните слободни радикали.
Овошје и зеленчук: Многу студии укажаат на тоа дека овошјето и зеленчукот кои содржат бета каротен го зајакнуваат имунолошкиот систем, ја зголемуваат отпорноста кон бактерии, вируси и други болести. Бета каротенот исто така го зголемува бројот и активноста на клетките кои го сочинуваат нашиот имунитет. Не заборавајте ги и овошјата богати со витамин Ц, бидејќи имаат антивирусни и антибактериски својства. Витаминот Ц ги уништува токсини, го зајакнува имунолошкиот систем и го поттикнува користењето на железото од храната.
Протеини – Доволно количество на квалитетни протеини е важно за одржување на имунитетот, но и за спречување на губењето на мускулната маса и зголемување на енергијата. Месото, особено рибата богата со омега-3 масни киселини, ја поддржува изградбата на силен имунолошки систем.
Темно чоколадо: Во умерени количини, темното чоколадо го поттикнува организмнот да се бори против вирусите и бактериите, а позитивно влијае и врз мозочните клетки и ја забрзува работата на одбрамбените клетки на организмот.