Една од најпопуларните туристички дестинации во Мароко е градот Чевчаен, кој е познат по својата сина боја на куќите и улиците, стара традиција останата од еврејската популација која порано го населувала градот.
Чевчаен е основан во 1471 година како мала тврдина која требало да пружи заштита против инвазијата на портигалците. По шпанската Реконквиста, ова мало планинско гратче станало едно од најголемите градови на еврејските бегалци, кои ја донеле традицијата на сината боја во градот.
Куќите, како и улиците на градот се изфарбани во варијации на сина боја. Оваа традиција потекнува од Тората, светата книга на Евреите, односно Стариот Завет. Според легендата, на Израелитите им било наредено да го изфарбаат својот талит (молитвен шал) во сина боја, бидејки сината боја е симбол на небото и на самиот Бог. Евреите во Чевчаен решиле да ги исфарбаат своите куќи во сино за да бидат поблиску до Бога, а денешните жители сеуште ја следат таа традиција.