Шпанскиот град Бенидорм, некогаш мало селце, а денес е познато туристичко место со нова архитектура, бројни хотели и туристички содржини.
Но, ова не им е доволно на шпанците кои планираат да го претворат во вистински европски Лас Вегас. Само се потребни измени на законските одредби, луксузни хотели и во иднина се планира отворање на коцкарници.
Туристичката сезона во последните 2 години баш и не била сјајна, па надлежните се надеваат дека казината ќе привлечат повеќе туристи во Бенидорм кој уште го нарекуваат и „шпански Менхетен“ или Бенијорк (комбинација од Бенидорм и Њујорк).
Бенидорм инаку е популарно туристичко место за британците, германците, холанѓаните и белгијците, но просечен турист овде троши 62 евра дневно, што е под просекот на остатокот на Шпанија каде туристите трошат 100 евра на ден.
Затоа градските челници очигледно немаат ништо против ова место да стане нов Лас Вегас.