Прототипот од 1955 година, Flajole Forerunner ќе се појави на Barrett-Jackson аукцијата во јануари 2012 година. Flajole Forerunner е всушност визија на на иднината на стилистот Бил Флајоле. На насловната на Motor Trend списанието во септември 1955 година, Forerunner е резултат на повеќе од 7.000 часа дизајнирање и градење. Како предмет на бројни статии, Forerunner ја покри насловната на Motor Trend на ист начин како и уникатниот дизајн на Ghia – Gilda. Дизајниран и изградени од страна на автомобилскиот дизајнер Бил Флајоле, тогаш унапреден кон консултант за стилизирање на American Motors и добро познат индустриски дизајнер, Forerunner вклучува многу елементи на футуристички дизајн како затемнет покрив од плексиглас, седишта со удобни потпирачи за глава и контрасни отвори за ладење на моторот, доста време пред овие карактеристики да бидат вклучени во производството на автомобилите кај другите компании.
Автомобилот се карактеризирал со перформанси додатоци, двојни издуви и 180 коњски сили сместени во 3.4-литарски мотор. Автомобилот подоцна ќе стане основа за футуристички дизајн на спортските автомобили со две седишта.