Мелинда Стар Гвидо требала да биде родена пред неколку дена, но таа на свет дојде тримесеци порано, односно во 24 недела од бременоста на мајката. Мајката бебето го родила во шестиот месец од бременоста, а бебето тежело само 260 грама.
Многумина од децата кои се родени предвреме ретко преживуваат, но докторите во Калифорнија успеаа да ја спасат Мелинда, а се очекува пред Нова година да ја пуштат од болница.
Мелинда била родена во август и од тогаш па до сега е во инкубатор, нејзината мајка 22 годишната Хајди Ибара деноноќно била до своето дете.
Сега, после повеќе од тримесеци поминати во инкубатор Мелинда тежи 1,8 килорами и може да го фати прстот на својата мајка.
Мајката за време на бременоста страдала од висок крвен притисок, кој може да биде опасен како за мајката, така и за плодот. Настанал проблем со плацентата, па затоа фетусот не добивал доволно храна, крв и кислород.
Докторите знаеле дека Мелинда ќе се роди помала од 1 килограм, но сепак биле изненадени од тоа колку навистина била мала кога се појавила на свет.
Докторите исто така, ја предупредила мајката дека Мелинда може да има проблеми со здравјето понатаму, односно дека може да има нарушување во развојот, слепило, оштетување на слухот, па дури и церебрална парализа.
Сепак, Мелинда сега дише самостојно, апаратот за вештачко дишење докторите го даваат само како мерка на претпазливост. Недамна ја прегледал и офталмолог и изјавил дека со нејзиниот вид се е во ред. Инаку, мајката Ибара предходното дете го родила мртво.
httpv://www.youtube.com/watch?v=s5ZvRImWEco