Google.co.uk ја објави најбараната славна личност на интернет на годината, во Велика Британија, а тоа е, ете, изненадување – Ким Кардашијан. Старлетата е нон-стоп по насловните, заради нејзиниот брак од 72 дена брак и развод со кошаркарот Крис Хамфрис. Гласините дека целиот брак бил фарса за вниманието на медиумите сега имаат дури и повеќе смисла.
Поранешна Спајс девојка, Викторија Бекам го носи второто место на популарниот пребарувач, проследено со ѕвездата од Хари Потер – Ема Ватсон на третото место. На четвртата позиција се наоѓа ѕвездата на оваа година што ја забавувашр јавноста со разводот од секси актерот Рајан Рејнолдс, Скарлет Јохансон. Секси “пријателката” Џенифер Анистон ја заокружи листата со петтото место.