Фановите на покојниот Елвис Присли изградија реплика на чуената куќа на кралот на рокот во данскиот град Рандерс. Имитацијата на Грејсленд е единствениот постојан музеј посветен на познатиот музичар а се наоѓа надвор од САД.
Куќата е два пати поголема од оригиналната, а Хенрик Кнудсен собрал и внел во куќата околу 6000 предмети во сопственост на Елвис, од гитара преку писма , па се до негова облека. Сетоа тоа ќе биде достапно за посетителите да го видат, а се очекува ова место годишно да го посетуваат барем 50.000 луѓе.
Целиот проект чинел околу 3,4 милиони евра а музејот ќе биде отворен секој ден со тоа што билет ќе чини 12.5 евра.
httpv://www.youtube.com/watch?v=R-mO99fY0Po