Секс на растојание, контрола и повторување на омилените сни, како и ѕидови кои ќе служат за се ( гледање телевизиjа, користење интернет) , односно работи што звучат сега како научна фантастика. Инжинерот Иан Персон тврди дека гостите на хотелите ќе ги имаат сите овие содржини достапни во блиска иднина.
Ленецот на хотело “Travelodge” објави дека до 2030 година во своите објекти ќе инсталираат највнова технологија, што ќе влијае на проширувањето на услугите кои им ги нудат на своите гости. Хотелите, како што што објасни Иан, ќе ги пратат виталните функции на своите гости, како и расположението, односно како да го подобрат нивниот сон. Футурологот исто така предвидува дека во иднината ќе можат да се контролираат соништата , слично како во филмот ( Почеток) со Леонардо Ди Каприо, па еден ден дури ќе можеме и да учиме нови јазици дур спиеме.
“Креветите во кои ќе спиеме ќе ни пружаат визуелни, слушни, мирисни и искуствени допири, клучни за осетето на стварност во сонот. Ќе можеме пак да ги проживееме нашите омилени соништа со бирање од ментио, како што денес може да си избереме филм. Дури ќе може и да се поврземе со други луѓе и да го поделиме својот сон”, вели Персон. Футурологот смета дека со помош на оваа технологија ќе може да водиме и љубов на било која одалеченост од партнерот. Користејќи посебни наочари, ќе можеме за време на сексот да го менуваме изгледот на партнерот/партнерката, без тој/таа да знае.