Средата која измина беше вистински возбудлив ден во Медисон Треи, особено за мајсторите на кабли кои влегле до подрумот на една куќа каде спиела мечка.
Локалните власти ја снимиле акцијата на пренесувањето на мечката во заштитнатакола, но на никого не му е јасн оод каде се нашла мечката во овој дел од Њу Џерси.
Американските медиуми јавиле дека неколку дена предходно мечката тешка 250 килограми била забележана како талка по таа област. Веројатно се изморила и решила да легне некаде да се одмори.
Од куќата бил повикан мајстор кој требал да ги поправи каблите, но бил шокиран и изненаден кога го дочекал необичниот „домаќин“.
Мајсторот ги повикал луѓето од здружението за лов и риблов за да ја фатат мечката, а заспаното животно тогаш се разбудило и решило да продолжи да скита.
Мечката била лоцирана и постојано била следена од едицината, се додека средството за успивање не почнало да делува за да може да ја фатат. Сега не мечката скитник и се бара соодветен дом.
Во оваа акција медиумите објавија дека ниту еден човек или мечка биле повредени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Ihllnp7Us08