Голем број млади луѓе, облечени само во костими за кашење, направиле вистинска гужва пред една туристичка агенција во Лондон, само за да освојат наградно патување.
Учесниците се обиделе да го соборат и досегашниот рекорд во број на луѓе кои се облечени во костими за капење кои стојат во редица, а агенцијата ги поттикнала со тоа што понудила наградн опатување.
Поточно, сите оние кои дошле во костимите за капење и стоеле на студот, веќе биле предходно регистрирани за јануарските аранжмани, кои за месец дена ќе се најдат на распродажба.
Агенцијата „Вирџин Холидејс“ официјално се отвара во јануари, а сопствениците со оваа акција сакале да привлечат потенцијални клиенти, а судејќи според бројот на луѓето на кои не им пречеше студот за да стојат во костими за капење, аранжманите од агенцијата наскоро ќе бидат распродадени.