Претставничките на понежниот пол можат да бидат доста свирепи, кога им се налага да се борат за машкото внимание и да го бранат од своите сопернички, тврдат експертите од Универзитетот во Отава. На учесничките во анкетата им биле претставени две групи фотографии, првите со секси убави жени, а вторите со обични конзервативни домаќинки. Реакциите на жените биле набљудувани со скриена камера. Се стиига до закључокот дека анкетираните жени гледајќи ги фотографиите со убавите жени пројавуваат знаци на агресија и љубомора, без конкретна причина.
Испитаничкиите меѓудругото воопшто не обрнале внимание на фотографиите со просечните непривлечни жени.
Според водечкиот автор на ова истражување оваа реакција се должи на фактот дека жените потсвесно ги регистрираат убавите жени како сопернички.