Совршен маж не постои, но последните анкети покажуваат дека мажите навистина имаат неподносливи навики кои ги излудуваат жените. Според анкетата на маркетинг компанијата Ремингтон, во која учествувале 2000 жени, само 69% од карактерот на мажите е прифатлив за жените, додека останатите 31% од нивните навики се вистински кошмар за женската популација.
Директорот на маркетинг компанијата Ремингтон, Ники Мекрејнолдс, вели дека жените се прилично реални околу она што се бара од нивните партнери.
„Жените може да живеат со некои недостатоци на нивните партнери, но постојат неколку особини и однесувања кои тие едноставно не може да ги толерираат“, тврди Мекрејнолдс.
Еве ја листата на машки “работи” кои едноставно ги излудуваат жените (мажи обратете внимание):
Несогласување со нејзиното семејството и нејзините пријатели
Користење на четкичка за заби на партнерката
Оставање валкани WC шољи
Мрзливост
Неуредни бради
Оставањето на отсечени нокти низ целата куќа
Брзо возење
Премногу посветеност на фудбал
Синдром “мамин син”
Отворена врата од бањата додека тие се внатре и вршат нужда
Оставете валкани алишта на подот
Критикување додека вози нивната партнерка
Ждригање и ослободување на други непријатни звуци и мириси
Прекумерно пиење
Прекумерно поминување време со неговите пријатели