Последните истражувања покажуваат дека кратко интензивно вежбање ја подобрува функцијата на инсулинската секреција, која може да послужи како превенција за спречување на појавата на дијабетес тип 2.
Според британските научници од Универзитетот во Орсеј, за превенција на дијабетес тип 2 доволно е интензивно да се вежба секој ден, и тоа само 20 секунди! Иако многумина сметаат дека 20 секунди вежбање неможе да променат ништо, научниците тврдат дека дури и најкратката физичка активност позитивно влијае на здравјето.
За да ја докажат својата теорија, британските научници ангажираа група на доброволци чија мисија беше во период од шест недели, три пати неделно да возат статичен велосипед само 20 секунди дневно, но во возењето да вклучат максимален напор.
При споредбата на резултатите од мерењата на излачувањето на инсулин и функцијата на панкреасот на почетокот и на крајот од експериментот, научниците забележале подобрување од 28%. Затоа, научниците препорачуваат секојдневни кратки вежби за спречување на појавата на дијабетис, но и за подобрување на општото здравје, особено кај оние кои спаѓаат во најризичната група на луѓе.